lenovo-glasses

Иако паметните очила уште не се дел од стандардните производи достапни за обичниот корисник, тие сепак имаат голем потенцијал и се очекува дека во иднина ќе бидат доста користени. Не сакаме да кажеме дека очекуваме дека во иднина секој ќе носи паметни очила, како што тоа денес го правиме со мобилните телефони, но дефинитивно ќе најдат примена во одредени области, како и кај обичниот корисник.

На трендот на развој на паметни очила, како што може да се види од поднесениот патент, се приклучува и кинеската компанија Lenovo. За разлика од Google Glass или уште неколку слични, очилата на Lenovo не се наменети за секојдневно носење и извршување на одредени функции од телефонот преку нив. Очилата од Lenovo треба да бидат наменети за снимање на содржина, доаѓаат со два екрани наместо со еден, а користат и специфичен начин на препознавање на звукот со поставени микрофони веднаш на вашиот нос.

Се разбира како и за секој поднесен патент, не се знае дали некогаш ќе биде направен во конкретен производ, па останува само да читаме за интересните работи кои што ги овозможува технологијата денес и кои што сигурно ќе ги имаме еден ден.

Извор: Engadget, TechChrunch

Претходна статијаНадграден Skype за Windows Phone 8 и 8.1
Следна статијаAdobe Photoshop Express достапна за Windows Phone 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.