Xbox-One

И покрај тоа што заостанува зад Playstation 4 и во продажбата и во перформансите кои ги нуди, Microsoft на E3 конференцијата најави неколку подобрувања за Xbox One конзолата, кои треба драматично да ја подобрат нејзината употребливост и особено да ја отворат кон дивелоперите на игри, што може позитивно да влијае на настапот на пазарот.

Една од најважните работи е веројатно компатибилноста со Xbox 360 игрите, која ќе дојде заедно со надградбата на Windows 10 оперативниот систем. Ова ќе им овозможи на многу од сопствениците на старата конзола на Microsoft конечно да ја заменат за нова, без да се плашат дека нема да можат да ги играат игрите од старата колекција.

За прв пат во една конзола, ќе може да се играат и демо игри, односно играчите ќе можат да имаат пристап до рани, бета верзии на играта, исто како што тоа можат да го прават PC гејмерите веќе две децении. И не само тоа – корисникот ќе може да ги модификува игрите, повторно, исто како игрите за компјутер. Првата игра во која ќе бидат достапни модификации е новата Fallout 4.

Многу важно подобрување, кое ќе дојде со Windows 10, е тоа што играта која ќе ја купите за Xbox One, потоа ќе можете бесплатно да ја симнете и за вашиот компјутер, односно ја добивате гратис. Ова може да привлече особено многу купувачи, кои сега без поголеми трошоци, ќе можат да играат и на големиот екран и на работното биро.

Да потсетиме, Microsoft неодамна објави и партнерство со Oculus за користење на нивните VR очила со Xbox One конзолата, во што ќе бидат први на пазарот.

Сите овие подобрувања, заедно со надградбата на Windows 10, ја прават линијата меѓу конзолите и компјутерите се потенка, особено во поглед на игрите и со сигурност ќе зададат голем удар на Sony Playstation 4 на пазарот. Но, да го почекаме и нивниот одговор!

Извор: The Verge, CNet

Претходна статијаХакиран популарниот сервис за лозинки LastPass
Следна статијаПроизводителот на гејмерски компоненти Razer ја купи Ouya