controller-d9462343-39a7-4fdf-9717-b88c330950bd-1925304535

Sony може ја доби првата година во битката за најпродавана играчка конзола, но Microsoft станува се поагресивен со Xbox One. Прво, беше најавено дека конзолата ќе се надгради на Windows 10, потоа дека ќе работи со Oculus Rift, а сега стигна и информација дека ќе биде освежена со поголем хард диск од 1 терабајт и подобрен џојстик.

Новиот џојстик ќе биде скоро ист, но ќе има 3,5 mm излез за слушалки, што значи дека ќе може многу лесно да си ги приклучите омилените на него и да го слушате звукот од игрите. Иако е мал детаљ, ова е огромно подобрување и ќе овозможи гејмерите да продолжат да играат и во вечерните часови, односно да не мора да купуваат скапи безжични слушалки за да го постигнат истото.

Покрај тоа, џојстикот отсега ќе може да се користи и со Windows 10 компјутер, со новиот адаптер кој ќе чини 24,95 долари, односно 79,95 заедно со џојстик, со цел да им се овозможи и на PC гејмерите подобра контрола во игрите кои го бараат тоа, како на пример фудбалчињата и сл.

Самиот уред отсега ќе се нуди и со опција за диск со капацитет од 1 терабајт, кој ќе ја има истата цена како на актуелниот со 500 GB и тоа 399 долари, додека овој со помалиот капацитет сега ќе чини 349 долари. За најбрзите купувачи ќе има и специјална награда и тоа сите популарни игри Halo, собрани во една Master Chief Collection.

Извор: The Verge

Претходна статијаMarathon M5 има две батерии и може да издржи неколку денови со едно полнење
Следна статијаGoogle го најави YouTube Gaming, директна конкуренција на познатиот Twitch