nx-controller1-1200x675

Јапонскиот гигант во светот на играчките конзоли, последниве неколку години имаше многу чудни иновации, како на пример џојстикот со вграден дисплеј на допир, а работите веројатно ќе станат уште почудни со лансирањето на новата Nintendo NX конзола, односно дизајнот на џојстиците за неа.

Фотографиите протекоа на reddit и најавуваат овален џојстик со вграден дисплеј на допир и многу мали аналогни управувачи. Дизајнот многу наликува и на паметен телефон и барем на фотографиите делува прилично неудобно за држење, барем во споредба со досегашните џојстици на Nintendo и конкуренцијата, кои се ергономски дизајнирани.

nx-controller2-1200x675

Нови информации велат дека фотографиите се само лага (иако наликуваат на дизајн кој Nintendo го патентираше пред нецела година), но самото тоа што Nintendo не ги негираше, може да значи дека џојстиците сепак ќе бидат со голем дисплеј на допир, нешто што реално и не наиде на особено позитивни коментари кај тврдокорните гејмери, особено оние вљубениците во игрите на Nintendo.

Ваквиот радикален пристап веројатно уште толку ќе го намали уделот на пазарот на Nintendo во споредба со PlayStation 4 и Xbox One, кои се многу помоќни конзоли со повеќе вградени можности, како користење на апликации и сл. Во превод, купувачите повеќе сакаат вистински добри перформанси отколку пониска цена.

nintendo-patent-1024x768

Силата на Nintendo инаку секогаш лежи во нивните игри, кои иако имаат послаба графика се исклучително забавни и лесни за играње, но тешки за да бидете вистински добар во нив и познати по тоа дека немаат багови и слични софтверски проблеми. Сепак, добро би било доколку новата конзола може да ги пушти и најновите игри кои ги имаат PlayStation 4 и Xbox One во својот арсенал, покрај веќе етаблираните игри на Nintendo.

Извор: The Next Web, Wired, Forbes

Претходна статијаПротетски хипокампус за враќање на меморијата
Следна статијаGoogle со дополнителни безбедносни мерки за Gmail