Можноста игрите од конзолата да ги играте на друг уред не е ништо ново – Nintendo ова го има развиено уште од пред неколку години, а Microsoft штотуку го овозможи преку надградба на својата Xbox One конзола. Отсега во стриминг друштвото ќе се придружи и PlayStation 4, кој за разлика од својот главен конкурент, ќе работи и со Mac OS компјутери.
Стримингот ќе им овозможи на гејмерите да ги играат своите омилени игри од PlayStation конзолата и на својот компјутер, бидејќи често се случува дневната соба да не е слободна. Можноста за стриминг ќе се вика Remote Play и може исто така да биде корисна и за оние кои се навикнати на играње на игрите пред монитор со маус и тастатура.
Пуштањето на игрите инаку и натаму ќе се врши преку PlayStation 4 и играта ќе се игра преку локалната LAN или Wi-Fi мрежа на компјутерот.
Remote Play опцијата ќе биде достапна во надградба на оперативниот систем на конзолата, која треба да биде достапна наскоро. Засега е излезена бета верзија која ја најавува оваа надградба (3.50 Musashi), но во неа сеуште не е вградена Remote Play можноста.
Сепак, има неколку други подобрувања, како на пример нотификации кога вашите пријатели се онлајн, можност да го ставите вашиот статус на офлајн, како и планирање и правење распоред на гејмерските сесии со онлајн пријателите.
Извор: Windows Central, PCWorld, The Verge