ps4-rp

Како што беше најавено, PlayStation 4 со најновата надградба на софтверот (3,5) ќе овозможи стриминг, односно играње на игрите од конзолата на компјутерот на корисникот.

Истото е овозможено преку посебна апликација која е достапна за Windows и Mac компјутерите.

Корисниците за да можат да ја активираат оваа функција треба да ја надградат својата конзола на најновата верзија и да ја инсталираат десктоп апликацијата. Играњето може да се прави преку локалната мрежа, но и преку интернет за што од Sony препорачуваат интернет конекција која вклучува и добар upload од минимум 5 Mbps, што е разбирливо.

Оваа можност е одлична за корисниците кои конзолата не ја чуваат во посебна соба, па дневната, на пример и телевизорот не се секогаш слободни за играње. Во таква ситуација, своите игри ќе може да ги играат преку својот компјутер од било која локација.

PS4 Remote Play апликацијата може да се симне преку следниот линк.

Извор: Windows Central, LifeHacker

Претходна статијаHuawei P9 дебитираше во Лондон со двојна камера – повторно откривајќи ја фотографијата кај паметните телефони во соработка со Leica
Следна статијаАлуминиумскиот Meizu m3 note има солидни спецификации, голема батерија и екстремно ниска цена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.