Nintendo NES се враќа – чини 60 долари и доаѓа со 30 вградени игри

Напишано на 15.07.2016 - 11:50 од Иво Гиевски

download

Pokemon Go лудилото со кое е зафатен светот, дојде во право време за Nintendo да лансира старо/нова играчка конзола, поточно популарната NES од пред три децении.

Оваа NES (Nintendo Entertainment System) конзола можеби не и е особено позната на помладата публика, но верувајте дека во 90-тите години скоро и да немаше дете кое беше без вакво Nintendo дома. Игрите беа исклучително игриви и забавни, лесни за учење, но тешки за „вртење“ – токму каква што треба да биде една игра. И да, на оваа конзола се играше една од најпопуларните игри на сите времиња, Super Mario Bros., односно супер иновативната The Legend of Zelda.

download+(1)

Новиот модел ќе доаѓа со 30 вградени игри (листата ќе биде подолу), има многу помали димензии, што е очекувано и ќе се поврзува со модерните телевизори преку HDMI приклучок. Дизајнот е подеднаков како на легендардниот модел, а истото важи и за џојстикот, кој беше прв со ваков дизајн во светот и кој го отвори патот за контролерите во Xbox и Playstation.

NES Classic Edition ќе биде достапна од ноември по исклучително ниска цена од само 60 долари во САД. И верувајте дека иако постари, игрите ќе ви понудат исклучително многу забава, особено ако се собирате со друштво по дома.

Подолу и листа од сите игри кои се вградени во конзолата:
•    Balloon Fight
•    Bubble Bobble
•    Castlevania
•    Castlevania II: Simon’s Quest
•    Donkey Kong
•    Donkey Kong Jr.
•    Double Dragon II: The Revenge
•    Dr. Mario
•    Excitebike
•    Final Fantasy
•    Galaga
•    Ghosts’N Goblins
•    Gradius
•    Ice Climber
•    Kid Icarus
•    Kirby’s Adventure
•    Mario Bros.
•    Mega Man 2
•    Metroid
•    Ninja Gaiden
•    Pac-Man
•    Punch-Out!! Featuring Mr. Dream
•    StarTropics
•    Super C
•    Super Mario Bros.
•    Super Mario Bros. 2
•    Super Mario Bros. 3
•    Tecmo Bowl
•    The Legend of Zelda
•    Zelda II: The Adventure of Link

Извор: Engadget, The Verge, TechCrunch

За Авторот

Пасиониран возач на спортски автомобили и длабоко навлезен во светот на автомобилизмот. Редовно ги следи последните случувања во квантната и астрофизиката, а е заљубен во универзумот. Не може да одолее на секое подобро парче хардвер што ќе излезе на пазарот и тогаш обично е залепен за мониторот, читајќи ги сите спецификации и новитети.

Контакт: [email protected]