php2a8h3x

Со надградбата на Windows 10, која треба да ја добие наскоро, играчката конзола ќе добие пристап и до Cortana дигиталниот асистент, која ќе може да одговара на гласовни команди. Сепак, навечер, или кога мора да бидете тивки, зборувањето со Cortana, а и со другите играчи со кои играте онлајн, ќе можете да го направите преку мала “qwerty” тастатура, која може да се смести во самиот џојстик.

Четувањето во онлајн игрите е една од основните компоненти за полесна комуникација меѓу играчите од ист тим, особено во MMORPG игрите. Досега, корисниците на Xbox One, но и на секоја играчка конзола, немаа елегантна можност да го прават тоа, па затоа оваа тастатура ќе биде многу корисна, особено поради нејзината поставеност на џојстикот.

phpg0v9oz

Самата тастатура има пет хоризонтални редови, со бројки во најгорниот дел и неколку програмабилни копчиња, на кои може да се стават некои брзи команди за игрите, односно кратки реченици со кои може брзо да се одговори на четот или пак да се пребарува на Cortana. Копчињата се исто така осветлени, што значи дека ќе бидат читливи и навечер, а во нив е вграден и излез од 3,5 mm за ставање на секаков тип на слушалки, кој досега недостасуваше во џојстиците за Xbox One, а е стандарден во Playstation 4.

Цената на овој додаток е 34.99 долари, што не е малку, но веројатно нема да им пречи на хардкор гејмерите, кои толку пари знаат да потрошат и за скоро секоја нова игра.

Извор: Pocket-lint

Претходна статијаЧитачите за отпечатоци од прсти во Android не се безбедни, iPhone е пак одлично заштитен
Следна статијаКористејќи паметен трик научниците ја подобрија ефикасноста на сончевите панели