Во моментов, играчките конзоли како Xbox One S и PlayStation 4 Pro заостануваат во графичките перформанси споредено со гејмерските компјутери, особено по лансирањето на новите графички картички на Nvidia и ATI. Сепак, во јуни Microsoft ќе ја направи нивната конзола многу помоќна, претставувајќи го долго најавуваниот Project Scorpio.

Засега немаме многу информации за тоа колку „коњски сили“ ќе има новата конзола на Microsoft, но тие уште претходната година најавија дека таа ќе биде способна за вистински 4K гејминг, а не со “up sampling” (претворање од Full HD во 4K) како што тоа го прави Xbox One S. Помоќните компоненти на Project Scorpio ќе овозможат и многу подетални текстури и подобри HDR ефекти во новиот Xbox, што уште толку ќе го подобри искуството на играње.

Microsoft ќе ни даде повеќе детали за Project Scorio на E3 конференцијата, која ќе се одржи на 11 јуни. Не очекувајте тука да биде претставена финалната конзола, туку таа повеќе ќе биде еден вид на тест верзија за дивелоперите, со цел тие да можат да развијат нови или да ги прилагодат актуелните игри на новиот хардвер. Според она што го знаеме досега, Project Scorpio веројатно ќе може да ги пушти сите игри за Xbox One S, но за подобрена графика дивелоперите ќе треба да развијат нови верзии. Нешто како десктоп гејмерските компјутери – што помоќна машина, тоа подобра графика.

На крај, за финалниот корисник веројатно е најважно дали новата конзола ќе има иста или барем блиска цена до Xbox One S. Ова би било многу тешко да се постигне ако Microsoft навистина понуди моќен 4K гејминг – компјутер кој би ви го овозможил тоа денес чини околу 1.500 евра.

Извор: The Next Web, Engadget, ARS Technica

Претходна статијаMcDonald’s ги редизајнираше цевките за пиење
Следна статијаApple ќе ја одржи WWDC конференцијата од 5-9 јуни, ќе зборува за иднината на iOS и Mac OS