Во осумдесеттите години од минатиот век, едно име било пред останатите кога биле играчките конзоли во прашање – Atari. Сепак, оваа компанија не успеа долго да опстане, особено по офанзивата на јапонскиот Nintendo. Сепак, следбеници на нивите конзоли и натаму има, па затоа тие лансираат нова конзола после толку многу години.

Иако нема информација за тоа какви игри ќе можат да се играат на новата конзола, таа најверојатно ќе биде слична на Classic конзолите на Nintendo, кои се само освежени верзии на постарите конзоли со можност за играње само на постарите игри преку емулација. Поточно, не очекувајте од овие конзоли на Atari да можат да пуштат понови, графички интензивни игри, иако компанијата најавува дека постарите игри ќе бидат споени со модерните.

Самата конзола има вистински привлечен дизајн. Ќе има две верзии – едната ќе има дури и детаљ од дрво во предниот дел, исто како и оригиналната конзола Atari 2600, додека другата ќе има црн преден дел. Останатиот дизајн е исто така сличен на претходникот, со прорежена црна пластика. Јас би рекол дека изгледа дури и футуристички, што е одлична пофалба за една ретро конзола. Како и да е, и двете изведби доаѓаат со 4 USB порти, слот за SD картичка и HDMI излез.

Како и да е, дополнителни информации засега немаме. Од Atari велат дека ја слушале заедницата при развојот на оваа конзола, што е позитивна вест, но тоа и не мора да значи ништо, особено ако оваа конзола навистина испадне дека е само римејк на Atari 2600.

Извор: PCMag, Venture Beat, ARSTechnica

Претходна статијаAmazon планира влез на пазарот на апликации за разговори?
Следна статијаДиректор на Samsung Mobile потврди: Note 8 ќе биде лансиран на крајот од август