MT0971

Според некои нови истражувања на Kaspersky Labs, неколку производители на хард дискови имаат вграден софтвер од NSA, односно Американската Агенција за Безбедност, кој се користи за шпионирање на податоците на корисникот, нормално без негово знаење. Се досега, нели.

Досега беше познато дека NSA користи пресретнување на мрежни комуникации и пакети преку рутерите на Cisco, на пример, но ова ново откритие значи дека корисникот е шпиониран дури и кога не е поврзан на интернет. Хард дисковите доаѓаат со шпионскиот софтвер уште од фабрика, но треба посебен вирус за да го активира истиот и да го искористи за читање на податоците, односно праќање на интернет.

Вирусот се активира преку USB стик или CD/DVD и во истиот момент почнува да ги пренесува податоците. Интересно, не се пренесува во компјутерот и е активиран само кога е вклучен USB уредот, со цел корисникот да не може никако да го пронајде на својот хард диск. Кодот на вирусот инаку има пристап до мрежите и податоците кои инаку би биле недостапни за нормален натрапник. Според познатиот производител на антивирусот, се работи за двата познати вируси Fanny и Stuxnet, кои беа користени за шпионирање на Иран и нивното производство на осиромашен Ураниум, а се развиени во соработка на САД и Израел.

Kaspersky прстот го насочува токму кон американската власт, особено поради тоа што инфекции најчесто се јавувале кај компјутери во Кина, Русија, Иран и Пакистан, односно земји кои се најчесто мета на шпионирање од страна на САД. Во превод, ние, како приватни корисници, нема за што да се грижиме, иако не е убаво да знаеме дека некој може лесно да пристапи до сите наши датотеки.

Според Kaspersky Labs, хард дисковите кои доаѓаат со малициозниот софтвер се во производство на Western Digital, Seagate и Toshiba, иако е можно да се и многу повеќе. Многу од овие дискови се вградуваат во најразлични сервери низ светот, што дополнително става тежина на целата работа.

Според анализите, ваквите откритија само дополнително ќе ја разнишаат довербата кон САД од сојузниците, а по прислушувањето на многу светски државници.

Извор: PCWorldEngadget

Претходна статијаСинтетички антитела наскоро ќе се борат против заболувањата во нашето тело
Следна статијаНаучниците пронајдоа начин да гледаат низ непроѕирни објекти