1

Велосипедите последниве неколку години кај нас доживеаја бум – ги користиме за фитнес, одење до работа, за лесни возења до парк и сл. Популарноста на вие превозни средства го натера и Xiaomi да лансира свој велосипед, кој има електричен мотор кој му помага на велосипедистот и неколку други паметни карактеристики.

Mi QiCycle е и лесно склоплив и има тежина од релативно мали 14,5 килограми. Се работи за велосипед кој ќе го користите пред се за градски услови, како на пример одење до работното место.

xiaomi-QiCYCLE-2

Вградениот електричен мотор и батеријата од 5.000 mAh, значат дека велосипедот ќе помага при вртењето на педалите до 45 километри, што значи помалку потење. За градовите со нагорнини, вграден е и менувач од Shimano со три брзини, кој би помогнал во различните услови на возење.

Велосипедот секако има и паметни карактеристики. Дисплејот вграден на предните рачки може да ви ја покаже локацијата преку GPS и да ги мери сите дневни возења, да покаже колку калории сте потрошиле, покажува брзина на движење итн.

xiaomi-QiCYCLE-console

Цената на Xiaomi Mi QiCycle изнесува 460 долари, што вака на хартија и не е премногу за паметен електричен велосипед. Да, за истите пари може да се купи и прилично добар планински велосипед, но тој сигурно нема да ви помогне помалку да се испотите во лето, а велосипедот на Xiaomi може и лесно да се склопи и да се чува во затворена просторија, што ја намалува можноста од крадење.

Извор: TechCrunch, The Verge, Engadget

Претходна статијаHuawei P9 Lite – големиот наследник на најдобриот смартфон од средната класа за 2015 година
Следна статијаLeMax 2 Pro ќе биде првиот телефон со 8 GB рам