AUSTIN, TX - MARCH 13: Visa unveils prototype of contactless payment sunglasses from the Everywhere Lounge on March 13, 2017 in Austin, Texas. (Photo by Rick Kern/WME IMG/Getty Images for VISA)

Ако мислевте дека плаќањето со вашиот смартфон е кул, размислете повторно. Сега ќе може да платите со „Хорацио Кејн“ потег, главниот херој од популарната серија CSI Miami, кој е познат по ставањето на своите очила кога ќе донесе некој заклучок.

Секако, наместо да ги ставите пред вашите очи, ќе треба да ги ставите близу до читачот за плаќање – таква е идејата на компанијата Visa, која е пак популарна по своите кредитни и дебитни картички. Ова секако се прави со NFC чип вграден во нив, каков и што имаат смартфоните кои корисниците ги користат за бесконтактно плаќање, како и некои кредитни картички.

Идејата на Visa не е стриктно да направи очила со кои ќе може да плаќате. Ова е само концепт за технологија која би можела да се вгради во многу геџети и облека кои ги носиме на нашето тело. На пример, истиот NFC чип би можел да се вгради и во алка или пак ракавот на некоја кошула, но да бидеме искрени, очилата за сонце се најкул производ за ваква намена.

Visa веќе договара со неколку банки за да овозможи користење на секојдневни производи за плаќање. Идејата е да им се олесни плаќањето на клиентите, но и секако да се направи нов бизнис – наместо да купувате очила за сонце од најблиската продавница, вашата банка ќе биде особено среќна да ви ги продаде нивните напредни паметни очила со кои ќе може да плаќате кога ќе купувате каде и да одите.

Единственото прашање кое ме мачи додека го пишував целиот овој текст – што ќе си помислат луѓето доколку ги носите истите очила ноќе? Или што ќе се случи доколку ги загубите? Некои идеи е најдобро да останат само идеи.

Извор: Android Authority, The Next Web, Engadget

Претходна статијаHTC најавува изненадување за 20 март, дали се работи за HTC 11?
Следна статијаNokia 7 и 8 ќе имаат Snapdragon 660 чип