Во многу научно фантастични филмови, главните херои користат некој вид на холограм за интеракција или пак слика проектирана на било која површина. Ова второто сега ни го овозможува Sony, кој лансира уред што може да проектира слика на која било хоризонтална или вертикална површина.

И ова нема да биде само проектор. Површината ќе функционира и како дисплеј на допир, што е импресивно постигнување, а е постигнато благодарение на Sony SXRD технологијата. Зад оваа технологија стојат инфрацрвени камери кои константно, со 60 слики во секунда, гледаат што корисникот прави со рацете на дисплејот и потоа тоа го пренесуваат како интеракција со корисничкиот интерфејс – во овој случај Android.

Проекцијата е исто така прилично голема – Xperia Touch прави слика со големина од 23 инчи, но само со HD резолуција, што е многу малку за толку растегната слика. Сепак, ова е само прв ваков продукт и овие ограничувања би можеле да бидат елиминирани во иднина, секако ако ваквиот производ воопшто успее – неговата цена изнесува високи 1.499 евра.

Покрај овој револуционерен производ, Sony претстави и паметни безжични слушалки наречени Xperia Ear “Open Style Concept”, кои покрај слушањето музика ќе можат да му пуштаат звучни нотификации на корисникот, но и да го слушаат јасно надворешниот свет благодарение на специјални акустични проводници. Слушалките ќе имаат и свој дигитален асистент наречен Sony Agent Technology, од кој корисникот ќе може да добива најразлични информации.

Извор: T3, Engadget, ARS Technica

Претходна статијаHuawei P10 е еволуција на P9-ката, достапен и во поголема Plus верзија
Следна статијаApple ќе го смени Lightning конекторот во iPhone со USB Type-C