Денес целиот наш живот е буквално на изложба на интернет мрежата. Многу луѓе дури и забораваат дека споделуваат премногу сензитивни информации за себе онлајн. Сепак, има луѓе кои особено се грижат за нивната приватност и Silent Pocket е идеално решение за нив.

Се работи за футрола за телефон изработена од кожа, која целосно ги блокира сите безжични сигнали. Ова значи дека нема да имате ниту Wi-Fi, ниту Bluetooth, ниту GPS и дури ниту мобилна мрежа. Во превод, вашиот телефон ќе биде целосно исклучен од интернет мрежата и мрежата за воспоставување повици.

Да, ова значи дека нема да добивате нотификации, но воедно значи и дека нема да може да фатите некој вирус додека не гледате во телефонот кој воедно може да украде многу информации за Вас, како на пример банкарската сметка.

Производот е на Faraday Cage и има прилично висока цена. Доаѓа во повеќе варијанти, од кои има такви кои ги блокираат сите мрежи и  кои блокираат само NFC, со цел да забранат влез на телефонот доколку некој се доближи со уред до него. Има и различни дизајни и големини, кои ќе ги задоволат скоро сите корисници.

Сите Silent Pocket производи на Faraday Cage можете да ги видите на нивниот веб сајт.

Извор: CNET, Silent Pocket

Претходна статијаLevi’s и Google лансираат паметна јакна
Следна статијаРецензија: Moto Z е достоен конкурент во високата класа, со уникатен сет на карактеристики