scandy-pro

3D принтерите се навистина интересни и примамливи за да потрошите пари на нив, но многу често се случува да немате идеја што да испринтате, нели? На помош доаѓа Scandy Pro – 3D скенер за вашиот паметен телефон, кој може да ви помогне се што ќе видите да го пренесете во 3D принт.

Scandy Pro е направа која може да се прикачи на секој Android телефон и која може да направи скенирање на некој предмет во околината. Разликата во однос на камерата од вашиот паметен телефон е што Scandy Pro е способен да направи детален 3D скен на секој предмет во вашата околина.

Начинот на кој работи овој уред делува навистина импресивно – тој може да ја мери брзината со која светлината стигнува до него и со тоа да оцени кој дел од предметот на која оддалеченост се наоѓа. Уредот може да направи скен со прецизност до 0,3 милиметри и брзина од 3 слики во секунда, што е навистина импресивно за нешто што може да го вградите на вашиот телефон.

3D скенерот ќе има посебна апликација која ќе овозможи скенирање на околината, но производителот има спремно и Scandy Core SDK кој ќе биде достапен на дивелоперите, со цел тие да развијат повеќе апликации кои подобро ќе ги искористат неговите можности. На пример, Scandy Pro може да се искористи да скенирате некој предмет или пак живо суштество и да го искористите во вашата омилена игра.

Цената на Scandy Pro ќе биде пониска од 500 долари, што на прв поглед делува многу, но тука сепак се работи за ексклузивно парче техника, кое има технологија која досега се има користено во многу поскапи уреди наменети за 3D мапирање. Првите примероци од Scandy Pro се очекува да пристигнат на крајот од оваа година.

3d-sken copy

Извор: TechCrunch, Android Community, 3D Print

Претходна статијаНовите два Nexus телефони ќе пристигнат за неколку месеци
Следна статијаKarmic Kyoto е електричен велосипед за понежниот пол