И покрај тоа што не беа уреди кои очекувавме да имаат забележителен настап на пазарот, сведоци сме на се поголем број на паметни звучници, кои доаѓаат со најразлични дигитални асистенти и од најразлични производители. Нив наскоро ќе им се приклучи и Samsung, кој потврди дека наскоро ќе лансира паметен звучник со нивниот дигитален асистент Bixby, кој премиерата ја доживеа во Galaxy S8 и S8+.

Потврдата дека звучникот наскоро ќе биде лансиран на пазарот дојде токму од директорот на мобилната дивизија на Samsung, кој покрај најавата изјави и дека нестрпливо чека да поработи на уреди наменети за домот. Паметниот звучник на Samsung инаку би бил лансиран во скоро сите земји од светот, за разлика од неговите конкуренти, бидејќи и самиот асистент Bixby е достапен во преку 200 земји.

За самиот звучник сѐ уште ги немаме сите информации, ниту тоа дали ќе функционира само со уредите на Samsung. Ова е особено важно, бидејќи Bixby е достапен само во мал број на смартфони на компанијата, додека други уреди на брендот доаѓаат и со Google Assistant (сите Android смартфони), како и Cortana (сите Windows таблети и лаптопи).

Исто така, ќе треба да почекаме да видиме дали фокусот на Samsung ќе биде поквалитетен звук како кај Apple HomePod или пак само подобри паметни карактеристики.

Извор: The Next Web, Cult of Mac, CNBC

Претходна статијаGoogle Pixel 2 смартфоните ќе бидат лансирани на 5 октомври?
Следна статијаAudi имплементира сончеви панели на своите е-возила