c-lab_projects_ahead_main_4

Корејскиот гигант годинава на CES го покажа Creative Lab, нов оддел во компанијата задолжен за иновативни и креативни идеи за нови производи. Во овој оддел работат вработени од други оддели, кои имаат шанса да „избегаат“ од стандардното работно место за една година, за да креираат напредни уреди во нова околина.

C-Lab ги покажа првите шест производи од своето портфолио, кои можеби не оддаваат “WOW” впечаток, но се иновативен начин на претставување на уреди кои веќе се на пазарот. Најдобар пример за тоа е Fitt360 камерата за снимање опкружувачко, виртуелно видео, која корисникот може да ја носи на својата глава. Ова е многу подобар начин за снимање на вакво видео, отколку камера што треба да ја држите во рака или пак да ја прикачите на вас.

c-lab_projects_fitt360_main_6

ItsyWatch пак е еден вид паметен часовник за деца, кој ќе ги потсетува да ги обавуваат редовните обврски, како миење заби, јадење, вежбање итн. Часовникот потоа им дава позитивен фидбек на децата доколку ја завршат зададената обврска и им праќа на родителите информација за тоа која од обврските ја завршило нивното дете.

itsywatch

Ahead пак се интересни уреди во форма на триаголник кои магнетно може да се прикачат на шлем и потоа да се користат за комуникација со паметните уреди, како на пример телефонот. Ahead може да прикажува нотификации и да се користи за интеракција со телефонот, како на пример менување песни, одговарање на повик итн.

ssungahead-930x520

Licon пак е еден вид универзален далечински управувач, кој на многу иновативен и лесен начин може да ве поврзе со секој уред со кој сакате во вашиот дом. Со Licon, треба само да го сликнете производот кој сакате да го управувате со вашиот телефон и веднаш потоа на дисплејот ќе излезат софтверски копчиња токму за тој производ.

c-lab_projects_licon_main_5

Останатите два производи се всушност софтверски – Hum On е апликација која од вашето потпевнување може да направи музика, додека Waffle е социјална мрежа базирана на цртежи, која ќе им овозможи на корисниците да цртаат на ѕидовите на своите пријатели.

Сите овие уреди се само концепти во моментов и според тоа што го нудат, не сум сигурен дека барем еден од нив ќе пристигне на пазарот, освен можеби Fitt360 камерата за снимање виртуелно видео. Како и да е, C-Lab е одлична идеја на Samsung, која во наредниве неколку години може да донесе многу нови интересни производи на пазарот, кои да бидеме искрени и ќе им требаат по фијаското со Galaxy Note 7.

Извор: Venture Beat, Digital Trends, Samsung

Претходна статијаСеавус Инкубатор најавува гостување на основачот на светски-познатиот „IMGUR“
Следна статијаSurface Phone ќе биде лансиран во есен наредната година