Производ за нега на лицето со многу мали иглички и камера за паметниот телефон која може да ви каже каде ќе се појават акни? Да, инкубаторот C-Lab на Samsung ќе претстави и вакви производи во 2017 година (еве што претставија лани), кои сигурно нема да направат револуција, но се доволни да покажат дека корејскиот гигант не престанува да иновира.

S-Skin и Lumini на пример се продукти кои ветуваат дека можат да помогнат во тоа да имате подобра кожа на лицето. S-Skin е веројатно побизарниот од двата производи, бидејќи има лепенки со микро игли кои треба да ја освежат вашата кожа, како и концентрирано LED светло кое ги отстранува флеките.

Lumini пак е камера која може да ги детектира неправилностите на кожата, како на пример акни, митесери и зголемени пори и потоа предлага какви производи да употребите на лицето за да ги отстраните или спречите.

C-Lab инкубаторот не ги заборава ниту децата. За нив тие спремиле Tag+ копче, кое може да се прикачи на играчка и да се поврзе на интернет. Потоа, детето може да се поврзе со други негови врсници кои ја имаат истата играчка.

Иако 3D видеото за домашна употреба е се чини веќе мртво, C-Lab претстави и специјална футрола за гледање 3D видео на вашиот паметен телефон, без употреба на очила. Ова веројатно беше и најголемата пречка за успехот на 3D за домашните корисници, но решението на Samsung е се чини прекасно. Згора на тоа, никој не гледа премногу филмови на своите смартфони.

Инкубаторот претстави и попаметен софтвер за паметните телевизори, кој може да прикаже персонализирани резултати во неколку категории. На пример, телевизорот може константно да го известува корисникот за резултатите од неговиот омилен спортски тим, да му кажува која музика свири на која и да било телевизија во моментот (или филм), додека TV Plus ги агрегира програмските водичи од повеќе телевизии во еден, составен од омилените шоуа, серии и филмови на корисникот. TV Plus треба да биде и наскоро достапен – во Европа ќе пристигне во Април 2017 година.

Извор: CNET, NDTV, Tech Crunch

Претходна статијаОстанете безбедни во сообраќајот и уживајте во празниците
Следна статијаLetz прва на Product Hunt – интервју со Нино Карас