thermodo-hand

Thermodo е мал уред кој што се поврзува на портата за слушалки од вашиот мобилен телефон и врши мерење на температурата во вистинско време. Напојувањето го добива од уредот, па поради тоа не користи посебна батерија или некое друго напојување. По поврзување со мобилниот, Thermodo ги испраќа информациите за температурата на достапната апликација. Моментално се достапни апликации за двата најпознати оперативни системи, iOS и Android,   но најавена е и апликација за Windows Phone. Thermodo не застанува кога ќе ви ја прикаже моменталната температура, тој продолжува да ја мери истата и во вистинско време ги прикажува сите промени, а промените можете да ги следите и на графиконот кој што се ажурира со секоја промена.

thermodo

3ebb48f440695911c77727d698bc946d_large

Thermodo беше претставен на Kickstarter од страна на данската компанија Robocat и успеа да собере 10 пати повеќе од минимално поставените средства за започнување со производство, односно собра вкупно 336.018 долари. Уредот доаѓа во две варијанти, односно една која чини 30 долари, а има и можност за избор од неколку бои, како и варијанта од 50 долари која што е направена од алуминиум и е слична со изгледот на материјалот на Mac лаптоп компјутерите. Двете варијанти ја вршат истата функција, а во втората плаќате за квалитетот на изработка, како и самиот изглед.

 

[related_posts_by_tax title=”Можеби ќе ви се допаднат и следните статии”]

Претходна статијаBlackBerry доби судска одлука со која што се забранува продажбата на Typo
Следна статијаНајди такси, автобус или кола, каде и да си
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.