Screenshot_3

Најдобрите швајцарски часовници имаат една заедничка работа – немаат вградена батерија. Да, овие часовници се „самонавиваат“ само со движењето на раката на корисникот. Технологија слична на оваа сега ќе овозможи енергијата од движењето на нашето тело да биде употребена за да ги наполниме нашите паметни уреди.

AMPY е посебен уред, кој на некој начин ги заменува “PowerBank” батериите кои ги користиме за да ги наполниме нашите паметни телефони и таблети, но наместо да треба да се наполни, се напојува со енергија само со тоа што ќе го носиме на нашето тело. Уредот енергијата ја „лови“ од движењето на телото, што значи дека ако сте стационарни таа нема да биде употреблива.

Screenshot_4

Сепак, за оние поактивните, ова може да е одличен уред, особено што ќе ве натера да „побрзате“ кога ви е празна батеријата на телефонот за побрзо да ја наполните. За ова AMPY има развиено и апликација, која ќе ви помогне да загубите килограми и да го наполните вашиот паметен уред. Секако сето ова звучи премногу добро вака напишано и ќе треба да видиме како уредот навистина ќе се покаже кога ќе излезе на пазарот, но идејата е и тоа како добра.

Компанијата инаку не застанува тука – најавува дека оваа технологија наскоро ќе биде достапна и во многу паметни часовници и фитнес тракери, кои благодарение на неа, ќе може да се користат без никогаш да ги наполните. Исто како и швајцарските часовници кои ги спомнав погоре.

Извор: Enterpreneur, Tech Crunch, AMPY

Претходна статијаFacebook повторно ќе ја прилагоди листата со новости со поголем акцент на содржината од вашите пријатели
Следна статијаМожноста за SMS од вашиот Windows 10 компјутер сепак нема да ја има во идните верзии, но ќе ја има во Skype