Луѓето кои носат очила редовно се соочуваат со проблемот да немаат очила со кои ќе можат добро да гледаат во сите ситуации. Многу често, тие имаат едни очила за гледање далеку (на пример телевизија) или за гледање близу (на пример читање или гледање во смартфонот). Овие проблеми сепак може да бидат минато благодарение на нови очила кои ќе може да фокусираат зависно од тоа каде гледате.

Зад нив стои Карлос Мастранџело, кој е професор за компјутерски инженеринг на Универзитетот во Јута. Тој има интересна приказна за како се одлучил да поработи на оваа проблематика. Имено, очилата, односно леќите за подобрување на видот се тука уште од 18-от век и спорт Карлос, тие се веќе застарена технологија, односно воопшто се немаат променето изминативе 3 века.

Новите паметни очила кои ги развива тој ќе бидат голем скок во науката за видот и оптиката, кој ќе им овозможи на корисниците со послаб вид да гледаат добро независно од ситуацијата или пак дали се кратковидни или долговидни. Овие очила буквално ќе фокусираат на местото каде што ќе гледате, исто како автофокусот во камерите, што значи дека ќе гледате добро независно од оддалеченоста на субјектот.

Тајната зад овие очила е во течните леќи, кои го прилагодуваат диоптерот зависно од потребите. За фокусирањето се грижат посебни двигатели, кои информацијата ја добиваат од инфрацрвен сензор. Овој сензор може лесно да ја измери оддалеченоста од субјектот во кој гледа корисникот и да овозможи остар фокус на секој субјект.

Очилата инаку користат батерија, која се полни на секои 24 часа, што не би требало да претставува проблем. Времето на фокусирање пак е само 14 милисекунди, што е скоро незабележливо. Единствен недостаток на очилата засега е што се многу големи, но според Мастранџело и Назмул Хасан, студентот со кој работат на проблематиката, идните верзии ќе бидат многу помали и полесно.

Првите вакви очила на пазарот би требало да пристигнат за две до три години и би чинеле околу 500 – 1000 долари според нивните креатори.

Извор: The Verge, Futurism, Daily Mail

Претходна статијаНајдобрите додатоци за iPhone фото ентузијасти
Следна статијаНе симнувајте апликации кои не се од Play Store – можете да бидете лесна мета на напади