bqtccusc4757elplwwji copy

Sony претстави дури 50 наслови кои ќе се играат во виртуелна реалност преку PlayStation VR, што е одличен почеток за нова VR платформа, но веројатно уште поважен е новиот контролер, кој има 1:1 движење (реалност : виртуелна реалност), што значи дека со него ќе се чувствувате како да пукате со вистинско оружје. Иако, ќе признаеме, на прв поглед изгледа претерано нежно и женски…

PS VR Aim Controller има цела плејада на сензори кои овозможуваат следење во реално време и потоа префрлање на движењата во игрите. Со него, буквално секое, дури и помало движење што ќе го направите со раката, ќе биде забележано во игрите. И конечно, наместо да притиснете копче, сега ќе може вистински да го повлечете орозот.

Она што го прави уникатен овој контролер е тоа што движењата во реалноста ќе бидат исти како тие во виртуелната реалност, односно поместување на PS VR Aim Controller за 10 сантиметри со вашата рака, ќе резултира со поместување на оружјето за 10 сантиметри во играта.

Доколку ова функционира, би можело вистински да го смени начинот на кој ги играме игрите од прво лице, како на пример новата Farpoint (на видеото горе), која ќе биде првиот наслов што ќе работи со овој контролер.

Секако, за да играте на овој контролер ќе треба да имате PlayStation 4 и PlayStation VR уред за очите.

Извор: The Next Web, Game Spot, Kotaku

Претходна статијаFacebook Messenger на Android доби поддршка за SMS пораки
Следна статијаПретставен OnePlus 3 со 6GB RAM меморија и очекувано достапна цена