movi-1

Livestream, односно можноста за снимање и пуштање на видеата во живо на некоја од популарните социјални видео мрежи на интернет, како на пример YouTube, станува се попопуларна кај корисниците. Сепак, опремата која го овозможува тоа е прилично скапа и за вистински квалитетни резултати, треба да имате повеќе камери, за видеото да не изгледа монотоно. Како што прават и телевизиите со повеќе камери одеднаш, поточно.

Livestream е компанија која го лансира првиот производ наменет за да ги среди сите вакви проблеми. Имено, нивната Movi камера може во живо да пушта видеа на интернет и тоа со 4K квалитет. Изгледа многу како акциона камера, но се работи пред се за уред кој ќе треба да замени систем од неколку камери, преку иновативниот софтвер кој е вграден во него и апликацијата во телефонот со кој се управува камерата.

movi

Идејата е всушност многу едноставна – бидејќи сензорот може да снима со 4K резолуција, а леќата напред  е прилично широка и фаќа 150 степени, корисникот може да сече делови од видеото, со цел да прикаже различни кадри и тоа во прилично високи резолуции, како на пример HD.

Во апликацијата која може да се инсталира на iPhone, корисникот може да избере меѓу девет различни кадри, но тука и почнува магијата. Имено, со зумирање со два прсти на некој од кадрите, софтверот се префрла на него со мазен зум ефект, каков што имаат поскапите камери.

На пример, Livestream го објаснува ова со снимање на еден рок бенд – во почеток камерата го снима цел бенд, но по желба на корисникот, може да се зумира на одреден член од него – како на пример гитаристот или пејачот. Исто така, со “Swipe”, односно лизгање на прстот, може да се постигне ефект на странично движење на камерата, за што инаку треба посебна опрема. Паметниот софтвер инаку комуницира со камерата преку Wi-Fi конекција.

livestream-movi-camera-0829.0

Movi е опремена и со внатрешна батерија, која трае околу 1 час снимање, што се граничи со некорисно за снимање на видео во надворешни услови. Сепак, за оние што сакаат да го користат така, достапно ќе биде дополнително куќиште кое чини 150 долари, кое дополнително ја штити камерата и додава уште 10 часа на траењето на батеријата.

Цената на самата камера е 399 долари, што не е многу за напреден продукт како Movi, кој има можности што навистина можат да го подобрат снимањето на видеа во живо. Во превод, за оние што размислуваат за YouTube кариера, еве причина повеќе да го направите тоа.

Извор: The Verge, CNET, TechCrunch

Претходна статијаBoomStick е уред кој ќе го подобри квалитетот на звукот на вашите слушалки
Следна статијаCortana интегрирана во најновата верзија од Cyanogen OS