linglong_ta

Кинезите можеби се уште не се добри во смислување имиња на своите производи – она на нивниот нов паметен звучник повеќе звучи како за некоја секс играчка. Сепак, ова е сериозен производ кој може да претставува опасна конкуренција за Amazon Echo и Google Home паметните звучници.

Како и двата најголеми конкуренти, звучникот на LingLong може да одговара на прашањата на корисникот и целосно да ги регулира паметните уреди низ домот, како на пример осветлувањето, температурата итн. Нормално, DingDong ќе разбира кинески јазик и англиски јазик во почетокот.

DingDong не само што ќе може да се користи за регулирање на паметните уреди, туку има и можност да прави планови и распореди, да го кажува времето и кога треба да понесете чадор со себе, а секако може да продуцира и музика од некој од сервисите на кои сте претплатени.

_92632396_3b412ce2-a4a3-4668-b3eb-76062d59d4a9

Всушност, една од најкорисните функции на овој звучник е што може да помогне во изучувањето на англискиот јазик, само преку разговарање со него. Ова е прилично корисно за фамилиите со помали деца, кои можат да ги искористат овие звучници за да ги научат англиски уште пред да тргнат во школо.

LingLong е инаку компанија создадена од спојувањето на jd.com, најголемата онлајн продавница во Кина и специјалистите за препознавање на глас, iFlytek. Од таму порачуваат дека пазарот во Кина за паметни звучници во 2018 ќе изнесува 22,8 милијарди долари и тие планираат да имаат голем дел од колачот.

Дали ќе им успее останува да се види – DingDong чини 118 долари во Кина, споредено со Google Home кој чини 129 долари. Да, кинескиот звучник е поевтин, но дали е тоа доволно за да се конкурира на моќен бренд како што е Google? Само времето ќе покаже.

Извор: BBC, Wired, Tech Times

Претходна статијаХуго Бара: Xiaomi не прави профити на паметните телефони
Следна статијаReFresh “F5” Хакатон