Верувам многумина од Вас многу често помислуваат на тоа тоа колку бактерии имаме на рацете и на какви се „микро“ опасности сме изложени кога сме надвор од дома. Навистина, кога ќе се помисли каде се ги ставаме нашите раце, станува дури и гадно.

Еден пример за ова се потпирачите за раце на ескалаторите, кои се користат скоро редовно и кои во текот на денот ги допираат илјадници раце. И не би сакал да коментирам колку од тие раце се чисти или пак каде на друго место имаат допрено…

LG Innotek и Clearwin имаат решение за ова – стерилизатор кој ќе се вградува на едниот дел на држачот за раце и кој ќе ги чисти 99,9% од сите микроорганизми, наречен Handrail UV LED, кој користи UVGI (Ultraviolet Germicidal Irradiation).

Според производителите, овој производ ги убива сите штетни микроорганизми со тоа што ја уништува нивната ДНК со помош на UV светла со бранова должина од 278 нанометри. Ова не е нов начин на уништување на микроорганизми – има многу вакви производи на пазарот кои се користат за најразлични видови на стерилизирање.

Handrail UV LED е особено интересен производ бидејќи не бара посебен извор на енергија – може да се напојува само од движењето на лентата за раце кај ескалаторите.

Покрај нив, LG Handrail UV LED може да се користи и за стерилизирање на воздухот и водата (како на пример во аквариуми), а може да се користи и во лаборатории и во болници.

Уредот има лампи кои траат 10.000 работни часови, што значи дека тие ќе треба да се менуваат на две и пол години доколку се користат 12 часови дневно – солидно за уред кој ќе се користи пред сѐ професионално.

Единствено нешто што засега не е познато за овој производ е цената, но од LG Innotek и Clearwin велат дека веќе добиле дозвола од регулаторите во Европа и Јужна Кореја за овој производ.

Извор: The Verge, Engadget, TechSpot

Претходна статијаИнтервју со Петра Теман која доаѓа на 10-тиот Weekend Media Festival
Следна статијаEFF: Кои компании ги чуваат вашите приватни податоци ?