Пред неполни две години, најавивме дека Google развива паметна облека, заедно со гигантот Levi’s. Сега го имаме и првиот плод на соработката – паметна јакна која има неколку интересни можности, наменети за оние кои сакаат полесна интеракција со својот паметен телефон.

Имено, се работи за тачпад на левиот ракав, со кој може да контролирате различни параметри од вашиот паметен уред. Да, ова звучни како „евтина финта“, но замислете дека возите велосипед и сакате да смените песна на вашиот телефон или пак сакате да знаете колку е часот. Интересно, тачпадот е вграден во самиот материјал и воопшто не се забележува.

Тачпадот ќе работи со неколку различни гестови, кои корисникот ќе може сам да ги подеси. Ова се истите кои би ги употребувале на својот паметен телефон, како на пример брзо двојно допирање или пак лизгање на прстот во една или во друга насока. Засега, овие команди ќе работат само со оперативниот систем и стандардните Google апликации, но во иднина се планира приклучување и на дивелоперите на Android апликации.

Во јакната е вградена и батерија која се прикачува на ракавот и која може да го напојува тачпадот до два дена со едно полнење. Ова можеби звучи добро, но замислете да треба секој втор ден да ја полните вашата јакна… Затоа, од Google најавија дека во иднина ќе ги подобрат производите токму во овој дел.

Името на јакната е Commuter Trucker Jacket и истата чини високи 350 долари – веројатно премногу за нашите купувачи, но јакните на Levi’s, дури и без некакви паметни геџети во нив, исто така чинат многу пари.

Извор: Mashable, The Verge, Slash Gear

Претходна статијаSurface Phone ќе биде претставен дури во 2019, но ќе има смартфон од Microsoft оваа година
Следна статијаSilent Pocket футрола за телефон која ќе го „исклучи“ од мрежата