Едно од ограничувањата со кои се соочуваат корисниците на iPhone смартфоните е недостатокот на простор за податоци, а тоа особено важи за моделите со 16 GB. И за разлика од многу Android конкуренти, iPhone нема слот за мемориска картичка. Сепак, сега има прилично елегантно решение за ова – Lightning стикче наречено Leef iBridge 3, кое може да се приклучи на телефонот и да ја зголеми неговата меморија, односно да овозможи дополнителен простор за складирање податоци.

Ова може да биде од огромна помош за оние кои често фотографираат и снимаат видеа со својот iPhone или пак симнуваат многу филмови на својот iPad. Всушност, во дигиталниот свет денес скоро секогаш ни треба повеќе простор на нашите уреди и уред како Leef iBridge 3 е секако добредојден. А најдобро од се, ова стикче е исклучително лесно за користење – се што треба да направите е да го извадите од пакувањето, да го ставите на вашиот iPhone или iPad (со Lightning конектор) и веднаш добивате повеќе меморија.

Leef iBridge 3 е достапен во капацитети од 32 и 64 во iStyle. Ова е и повеќе од доволно за поголемиот дел на корисници, дури и за оние кои гледаат филмови со висока резолуција на своите iOS уреди. А најдобро од сѐ, симнувањето на филмовите на вашиот уред ќе биде исклучително лесно – се што треба да направите е да го приклучите Leef iBridge 3 од другата страна во вашиот компјутер и да ги префрлите на него. Тука особено помага што приклучокот е USB 3.1 и брзината на префрлање ќе биде исклучително голема.

Но, тоа не се сите атрибути на Leef iBridge 3. Тој е изработен од алуминиум и остава вистински премиум впечаток и делува како да ќе може без проблем да издржи да биде цело време прикачен на вашиот iPhone или iPad. Кога ќе се прикачи пак е целосно свиткан кон задниот дел на телефонот или таблетот и генерално не пречи во користењето, но за оние кои сакаат целосно мазно искуство, има опција за бекапирање на податоците, односно празнење на внатрешната меморија на телефонот. Ова е сигурно доволно да го правите само еднаш дневно.

Кул опција во овој случај е што Leef iBridge 3 може да се носи како приврзок на вашите клучеви, што го прави исклучително пренослив геџет, кој секогаш ќе биде тука кога ќе ви биде потребен. Освен ако не сте од оние луѓе кои често ги забораваат клучевите, секако.

Цената на Leef iBridge 3 кај нас не е премногу висока, особено за премиум уред со толку солидна изработка. Тој во iStyle со попуст чини 2.198 денари за варијантата со 32 GB простор и 4.193 денари за моделот со 64 GB.

Претходна статијаCall of Duty се враќа на корените
Следна статијаПроизводството на iPhone 8 одложено за октомври/ноември