Програмирањето скоро сигурно ќе стане дел и од основното образование кај децата, бидејќи во иднината ќе биде многу поважно од некои предмети што сме ги изучувале досега. За полесно изучување на оваа проблематика неколку компании имаат различни решенија, но нова компанија на Indiegogo го има најинтересното – робот наречен Kubo.

Од Kubo секако не очекувајте дека ќе има којзнае какви физички можности. Да, тој може да се движи благодарение на двете тркалца, но нема некои други способности. Затоа пак има прилично развиен систем за основно кодирање. Поточно, него може да му зададете команди токму со основни инструкции, како на пример напред/назад/лево/десно.

Командите се задаваат со плочки на кои е ставена слика од командата, но Kubo ги чита RFID таговите на истите плочки. Роботот може да ги следи овие команди, но и да ги запомни за понатаму. Ова значи дека роботот може да го научите со време да станува уште подобар, односно да учи со текот на времето. Компанијата нуди и експанзија со плочки кои ќе можат да ги учат децата основна математика или пак јазик.

Цената на овој интересен робот, кој сигурно ќе биде интересен додаток во арсеналот на секое дете, дури и ако не зборува англиски (плочките се со слики а не со зборови), е 169 долари во преднарачка. Kubo инаку се финансира преку Indiegogo кампања, каде има веќе собрано преку 50% од средствата за само првите неколку часа, а има уште еден месец до постигнувањето на целта од 30.000 долари.

Извор: Tech Crunch, Venture Beat, Indiegogo

Претходна статијаТом Харди владее со контроверзијата во Taboo
Следна статијаПрвиот Tesla тркачки автомобил подготвен за натпреварување во 2017