GoPro последниве неколку години загуби многу на популарноста која ја имаше со акционите камери – прво тие беа буквално растурени од кинескиот DJI на пазарот на дроновите, а сега прилично тешко се снаоѓа со големиот дел на камери за виртуелно видео од скоро сите поголеми играчи. Сепак, нивната нова Fusion камера има доста моќни карактеристики и би можела да биде вистински успех на пазарот.

Засега немаме многу информации за оваа камера, но знаеме дека во неа ќе има дури 6 GoPro акциони камери, со цел да се фати квалитетно сферично видео. Исто така, знаеме дека оваа камера ќе може да снима со фантастична 5,2K резолуција при 30 слики во секунда, што значи дека во неа има и прилично моќен процесор.

А добра најава за перформансите на оваа камера е и склучениот договор со Moto GP серијата, која ексклузивно ќе ја користи Fusion за снимање на виртуелни видеа. Нормално, бидејќи се работи за GoPro, очекувајте мали димензии и можност за користење кога сте во акција.

Од GoPro велат дека оваа камера ќе биде достапна на пазарот оваа година во прилично лимитирана серија, што според мене најавува и многу висока цена. Во меѓувреме, пилот партнерите на компанијата ќе можат да ја тестираат оваа камера, поточно професионалци, компании и агенции.

Извор: Engadget, The Verge, GoPro

Претходна статијаAudi со концепт за електричен автомобил на иднината
Следна статијаПаметна алка може да дијагностицира дијабетес и цистична фиброза