1473689003227745706

Навистина, возачите немаат пречки за вниманието. Од лоши учесници на патот пред нив, радио уред кој се „дере“ и го попречува мислењето, преку телефон кој непрестано ѕвони, до GPS уред кој едноставно не знае кога да прекине – постојат десетици појави кои можат да го одвлечат вниманието и да го зголемат ризикот.

За среќа Garmin се тука да ни помогнат со уште еден одвлекувач на вниманието, BabyCam. Се работи за уред кој не можеме целосно да сфатиме која му е улогата во автомобилот. Имено, тој е составен од два дела – GPS уред кој е закачен на предното стакло или друго место пред вас и камера која е закачена на задната страна од потпирачот за глава.

GPS уредот си работи стандардно како и секој друг, но камерата овозможува постојано да го гледате бебето ваше додека возите. Дали има потреба за ова би сакале да ни објаснат од Garmin. Сепак, производот постои и овозможува да го погледнете бебето во кој момент и да сакате.

Камерата има и способност да снима инфрацрвено, па работи и во темница без да мора да палите светло за да го видите бебето. Уредот исто така ќе ве потсети кога ќе застанете за да не случајно го заборавите бебето позади. Баш фино од негова страна.

BabyCam може да биде ваш за 200 долари и го праќа сигналот преку безжична мрежа. Веројатно ѕиркањето на бебето преку камера е малку помало одвлекување на внимание од ѕиркањето физички, но секогаш можете да го наместите ретровизорот, а постојаното гледање во GPS уредот кога бебето ќе се обидува да ви го одземе вниманието не веруваме дека е полезно за вашето учество во сообраќајот. Секако, изборот е ваш.

Извор: Garmin, Gizmodo, SlashGear

Претходна статијаPioneer претстави аудио плеер со Android и исклучителен аудио квалитет
Следна статијаGoogle ја купи португалската Digisfera за унапредување на Street View