jbareham_161114_1269_0316_2400px_05-0

Surface Studio е најновиот продукт од хардвер дивизијата на Microsoft, кој како и сите негови претходници, спојува „се во едно“ десктоп компјутер со голем дисплеј на кој може да се црта. Реномираниот The Verge веќе ја објави рецензијата за овој уред и истата е прилично позитивна.

Досега, за да можат да цртаат на својот компјутер, уметниците и креаторите користеа iMac и дополнителни таблети кои препознаваат дигитални пенкалца со многу нивоа на притисок од Wacom. Искуството секако не беше идеално, бидејќи на таблетот не можеше да се види што цртате – за тоа мораше да се крене погледот кон мониторот. Овој проблем е целосно анулиран со новиот компјутер на Microsoft.

Surface Studio цртањето го прави природно, исто како на бела хартија која ќе ја поставите на масата. Покрај тоа, има исклучителен дисплеј со висока резолуција од 4500х3000 пиксели и дополнителен Surface Dial, кој е вртлив џојстик кој може да се постави на дисплејот и со него да се бираат најразлични параметри, зависно од апликацијата.

Рецензијата од The Verge е прилично позитивна и единствени замерки има на високата цена и малку застарените компоненти – наместо од најновата генерација, во Surface Studio има Skylake процесори и Nvidia 980M графика. Сепак, тоа не е пречка во користењето – перформансите се одлични, особено за оние кои ќе ја користат креаторската страна.

Извор и Фотографија: The Verge

Претходна статијаGoogle претстави „живи футроли“ за Pixel телефоните кои автоматски ја менуваат вашата позадина
Следна статијаУште една одлична AllWeb конференција