Microsoft, а особено Surface тимот, се одлични во криењето на информации за нови производи. Така, за скоро сите Surface производи досега, јавноста немаше претстава какви ќе бидат и какви можности ќе имаат. За Surface Pro 5 сепак барем може да претпоставиме, бидејќи ќе биде еволуција на дизајнот на Surface Pro 4.

Информациите кои протекоа на LinkedIn не кажуваат ниту еден факт за таблет/лаптопот, но со сигурност може да најавиме дека овој модел ќе има нови Kaby Lake процесори, побрзи SSD дискови, повеќе рам и веројатно дисплеј со повисока, 4K резолуција. Исто така, покрај подобрените перформанси, треба да се очекува и подолго траење на батеријата, која кај Surface Pro 4 е само солидна.

Она што протече на LinkedIn е информација дека “Analog Speech Design Team” во рамките на Microsoft е фокусиран на развој на нови модели на говор со мултидисциплинарен пристап на дизајнот за уреди на иднината, кои нема да бидат ограничени на HoloLens, Surface Pro 5 и Xbox.

Исто така, веројатно најважно за пошироката важност, Surface Pro 5 веројатно ќе биде првиот уред со Project Neon дизајнот, за кој веќе ги знаеме скоро сите детали и кој во големо треба визуелно да го освежи Windows 10. Заедно со таблет/лаптопот Microsoft веројатно ќе претстави и „лулка“ за полнење на дигиталното пенкалце

Очекувано е заедно со Surface Pro 5 да биде претставен и нов Surface Book 2 и покрај тоа што овој модел доби одредени подобрувања на крајот од минатата година. Кај овој модел се очекуваат слични подобрувања, а многу гејмери ги стегаат палците за помоќна графичка во базата, која ќе го направи овој „2 во 1“ уред достоен противник на гејмерските лаптопи.

Претставувањето на овие два модели најверојатно ќе се случи заедно со лансирањето на Creators Update надградбата за Windows 10, поточно на крајот од месец Март.

Извор: Windows Central, MSFT

Претходна статијаНема да ослепите ако долго гледате во мониторот, но очите секако ќе ве болат
Следна статијаГледајте ТВ на компјутер: Како да го инсталирате и конфигурирате Kodi