На посебен Build настан во Шангај на 23 мај, Microsoft ќе претстави нова насока за Windows 10, особено за дивелоперите. Сепак, шефот на Surface дивизијата Панос Панај, со хаштаг #Surface во еден од своите твитови најави дека на овој настан ќе биде претставен уште еден Windows 10 уред. Да потсетиме, Microsoft само што го претстави импресивниот Surface Laptop, кој доаѓа со новиот Windows 10 S оперативен систем.

Сепак, токму Панос Панај, во интервју најави дека тој уред нема да биде Surface Pro 5, иако многумина го очекуваа тоа. Според него, за да има нов модел, Microsoft треба да има доволно големи надградби за да лансира нов продукт. Панос вели дека не е доволно да се вгради само нов процесор за да го наречат новиот модел Pro 5, туку дека треба да има повеќе подобрувања кои вистински ќе го подобрат корисничкото искуство.

Ова сепак не значи дека тие нема да лансираат наследник на супер популарниот Surface Pro 4 – во Шангај најверојатно ќе биде лансиран подобрен модел со новите Kaby Lake процесори. Лично, очекувам целосно нов модел да има на есен, кога Microsoft стандардно претставува нови модели од Surface Pro линијата. А за тоа какви надградби и подобрувања ќе има, скоро сигурно ќе дознаеме кога ќе биде лансиран таблет/лаптопот – Surface дивизијата особено добро ги чува тајните.

Извор: Engadget, The Verge, ARS Technica

Претходна статијаGoogle Maps автоматски ќе се ажурираат со помош на Deep Learning и Street View
Следна статијаПрви рендери од финалниот HTC U11 смартфон