Лаптопите се неизоставен дел од животот на поголемиот дел на бизнис луѓе, но тие често знаат да претставуваат вистинска болка за пренесување од едно место на друго, а поради големата тежина. Notebook 9 моделите на Samsung пак сигурно нема да ви претставуваат таков проблем, бидејќи се доволно лесни за воопшто да не почувствувате дека ги носите во вашата ташна или ранец.

Notebook 9 веќе скоро една година е достапен во две моделски изведби – со 13,3 инчи и 15 инчи (не 15,6), а сега Samsung ги опреми и со нови Kaby Lake процесори од најновата генерација на Intel, поточно Core i5 или Core i7. И останатите компоненти се многу солидни – моделите се опремени со 8 или 16 GB рам меморија и супер брзи SSD дискови од 128 и 256 GB. Дисплеите имаат Full HD резолуција, што можеби не е како кај најдобрите лаптопи, но веројатно доволно за поголемиот дел на корисници.

Но, да се навратиме на тежината. Notebook 9 се лаптопи кои тежат под еден килограм, односно 815 грама за помалиот 13,3 инчен модел и 985 грама за поголемиот 15 инчен модел. Ова се импресивни податоци, особено што моделот се опремен со прилично моќни компоненти. Како споредба, обичниот MacBook на Apple со 12 инчен дисплеј и послаб Core M процесор, тежи „дури“ 900 грама.

Сепак, многу љубители на Windows 10 лаптопите и таблет/лаптопите од последната генерација ќе забележат на тоа дека овие модели немаат дисплеј на допир. Ќе има такви и на кои траењето на батеријата од 7 часа нема да им биде доволно, особено што главната идеја на овие модели е да бидат исклучително преносливи. Notebook 9 моделите сепак се опремени со читачи за отпечатоци на прсти, што е одлично за заштита на безбедноста.

Samsung сѐ уште не ја објави цената на Notebook 9 лаптопите, но за помалиот модел претпоставка е дека таа би стартувала околу 1.000, а за поголемиот околу 1.200 долари.

Извор: Engadget, The Verge, Trusted Reviews

Претходна статијаWaymo ги прикажа првите автономни автомобили по издвојувањето од Google
Следна статијаБатерии со нано технологија почнаа да се произведуваат во Чешка