j-930x620

Дека продажбата на компјутери опаѓа веќе и не е некоја новост – ова го знаеме уште одамна. Сепак, резултатите во првото тримесечје од 2016 се слични како оние од 2007 година, кога за последен пат продажбата е падната под 65 милиони примероци, поточно на 60,6 милиони примероци.

На листата на најпродавани и натаму води кинескиот гигант Lenovo, но тие имаат и голем пад на уделот на пазарот од 7,2%. HP, втор на листата пак има пад на уделот од дури 9%, додека Dell кој е трет на листата има пад од само 0,4%. Зголемување на уделот имаат само Asus со 1,5% и Apple со 1%.

gartner_pc_shipments_q1_2016-800x261 copy

Сепак, сите овие бројки не ја кажуваат целата приказна, бидејќи секој производител од водечките има пад на целосната продажба на компјутери, меѓу кои Apple и Dell имаат пад од само 2,1%, односно 2%, додека останатите производители имаат поголем пад на продажбата. Особено голем пад имаат производителите под 5-тото место, меѓу кои спаѓаат Acer и Toshiba, но и многу други помали производители.

idc_pc_shipments_q1_2016-800x455 copy

Од IDC велат дека падот на продажбата делумно се однесува на нестабилноста на доларот и дека наскоро овој сектор ќе треба да се стабилизира, а особено со широката достапност на Windows 10 уреди – многу од актуелните лаптопи во продавниците сѐ уште се продаваат со Windows 8.1.

Сепак, факт е и дека лаптопите почнуваат да мигрираат во таканаречените 2 во 1 уреди, кои може да се користат и како таблет и со тоа, следењето на продажбата на вакви уреди, односно сместувањето во еден од сегментите станува се потешко. На пример, Microsoft Surface Pro 4 е сместен во листата за продажба на таблети.

Извор: Venture Beat, IDC, 9to5Mac

Претходна статијаOne S9 – нов алуминиумски смартфон од средната класа на HTC
Следна статијаMicrosoft останува посветен на “Mobile” дивизијата, пристигнуваат уште многу модели и надградби