Минатиот месец имавме можност да го отпакуваме и прочепкаме новиот MacBook Pro кој пристигна и стана достапен во продажба во iStyle. За потсетување, iSTYLE е водечки Apple Premium Reseller во Централна и Источна Европа кој има продажен салон во Skopje City Mall.

Сепак, она кое што повеќе го очекувавме беше моделот кој подоцна стана достапен во продажба, а кој доаѓа со новиот и интересен Touch Bar.

Овој модел минатата недела беше донесен во iSTYLE и како и минатиот пат, ја добивме можноста да го отпакуваме, разгледаме и да ви ги претставиме првите импресии.

За потсетување, Touch Bar е лента на тастатурата на лаптопот која ги заменува стандардните F копчиња. Лентата во основа е екран на допир, па корисниците добиваат различни копчиња зависно од тоа која програма ја користат. Навистина интересен додаток, а повеќе за истиот можете да видите во видеото во продолжение.

Претходна статијаСкопје добива европска новогодишна содржина
Следна статијаBlackBerry се договори со TCL за производство на паметни телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.