AMD официјално ја претставија новата серија на графички – RX 500, со тврдење дека нудат нови модели со помоќни перформанси и подобрена ефикаснот.

Иако предходната RX 400 серија на графички беа одлични модели и можеби беа најдобрите кога ќе се земат во предвид цената и перформансите што беа понудени. Овој пат ја добиваме можеби истата серија на графички со дополнително еден нов модел, но и малку поразлични цени.

Најдобриот модел од серијата или RX 580 ни нуди повисок стандарден со турбо такт 1257/1340 MHz во споредба со RX 480 – 1120/1266 MHz, повисока потрошувачка на струја од 185W за 10 долари пониска цена.

RX 570 исто така има повисок стандарден такт 1168 MHz и турбо такт од 1244 MHz од RX 470 – 926/1206 MHz. Со RX 570 не само што е повисок тактот на процесорот повисок е и тактот на меморијата со 7Gbps GDDR5 во споредба со 6.6Gbps GDDR5. Секако за се ова да биде возможно покачена е границата за струја на 150W, но и намалена цената за 10 долари.

RX 460 беше наменета за е-спорт игри и одлично се снаоѓаше, но сега добиваме два нови модела од ниската класа, односно RX 560 и RX 550. RX 560 во споредба со RX 460 има исто така повисок такт од 1175 MHz и турбо од 1275 MHz во споредба со 1090 и 1200 MHz. Цената останува непроменета за RX 560 од 99 долари.

RX 550 е новата буџет карта од AMD со цена пониска од 90 долари која ќе ја превземе ниската класа на графички и ќе нуди солидни перформанси за сите е-спорт игри.

За разлика од минатата серија овојпат нема да има рефернти модели, во понуда ќе имаме модели само од партнерите на AMD.

За многумина кои ги пратат AMD со нивните претставувања на графичи, RX 500 серијата не доаѓа како изненадување. Ако се навратиме на R9 200 и R9 300 сериите, моментално го гледаме скоро истото сценарио. Доста очекуваа од AMD да биде претставена новата Vega архитектура која има огромни очекувања.

Извори: Anandtech, PCWorld, ArsTechnica

Претходна статијаLG ќе произведува заоблени P-OLED дисплеи за смартфони и таблети
Следна статијаXiaomi Mi 6 е супер моќен смартфон со многу достапна цена