workstation-precision-m3800mlk-love-pdp-design-1

По претставувањето на новиот XPS 13, лаптопот кој дигна најмногу прашина на CES саемот во Лас Вегас, Dell не престанува да изненадува, лансирајќи конкурент на Pro верзијата на MacBook на Apple, кој ќе биде наменет за ентузијастите и сите оние кои бараа максимум перформанси од својот лаптоп.

Од Dell делуваат многу сигурно и самите веќе најавија седум причини зошто нивниот M3800 лаптоп е подобар од главниот конкурент од Apple. Сумирано, лаптопот на Dell е полесен, потенок, поевтин, има поквалитетен екран со повисока резолуција, подолг век на траење на батеријата со едно полнење, како и ISV сертификат за работење со специјални бизнис програми.

Во бројки, ова значи дека Dell M3800 е еден од првите лаптопи кој се нуди со 4K (отсега ќе се нарекува Ultra HD) екран на допир, односно со резолуција од фантастични 3.840×2160 пиксели и големина од 15,6 инчи, core i7-4712HQ процесор со четири физички јадра од најновата Broadwell генерација, до 16 GB DDR3 рам и новата Quadro графичка на Nvidia, К110М so 2 GB рам меморија. Според некои бенчмаркови кои ги објави Dell, ваквата конфигурација ќе овозможи до 30% подобри перформанси од MacBook Pro во програмите за едитирање видеа, подобрувања кои ќе им бидат од особена важност токму на купувачите на ова чудовиште од лаптоп.

Единствена забелешка на Dell M3800 е недостатокот на новите PCI-e SSD дискови, кои имаат можност за многу побрз трансфер на податоци, за разлика од постарите SSD-а, кои се поврзуваат со SATA 3 конфигурацијата. Ова може да има негативен ефект врз брзината на стартувањето на системот и апликациите, иако тестовите покажуваат дека тоа се разлики кои корисникот нема да може лесно да ги забележи. Единствено, разлика може да има во брзината на префрлање на датотеки од една во друга партиција. Покрај SATA 3 SSD дисковите, М3800 ќе се нуди и со стандарден HDD диск од 1 TB, односно хибридни дискови, кои се комбинација на SSD со HDD.

precision-m3800-image-3-100565127-large

Со M3800, после подолго време, Dell се чини повторно има победник во најскапиот сегмент, исто како и со новите ултрабук модели. Според се што видовме од нивните нови лаптопи, Lenovo, HP и особено Apple, имаат за што да се загрижат. Ние корисниците, пак, можеме само да се радуваме, бидејќи тоа значи дека ќе добиваме се подобри и поевтини лаптопи.

Извор: PCWorld

Претходна статијаCyanogen сака да го тргне Android од контролата на Google – Microsoft ќе инвестира во оваа компанија?
Следна статијаOneDrive со нови промени кои што треба да го направат централно место за вашите слики