MSI се доста влијателна фирма кога станува збор за компјутерските компоненти. Со производство на матични плочи и графички карти со традиционалните црвено црни бои, имаат доста голема распространетост на пазарот.

Тие неодамна почнаа со производство на десткоп и лаптоп компјутери како и се во едно конфигурации, кои сега за сега одлично се претставуваат со доста моќни “машини”.

Неодамна го претставија Trident 3, малку поголем компјутер од Play Station 4, но со одличен потенцијал.

Како глава на машината секако е i7-7700 (моделот без K поради големината и порблемите со ладење), за графичка карта е поставена средно-класната посебно изработена mITX GTX 1060 со 6GB VRAM и две плочки DDR4 SO-DIMM од по 16GB.

256 GB M.2 SSD кој доаѓа со веќе лиценциран Windows 10 Home и 1 TB HDD кој треба да е доволно за сите игри и филмови да бидат сместени на него.

Со ваква конфигурација не е потребно јако напојување, па затоа MSI вклучуваат надворешно напојување од околу 300W кое ја намалува големината на конфигурацијата со тоа што е екстерно.

MSI имаат намалено со графичката, единствената работа што го задржува Trident 3 да го искористи својот потенцијал до максимум е 1060-ката.

Иако MSI најавија дека работат на модел со 1070, овој состав на компонентите не е лош за цената. Ако го поврзете на FullHD монитор или телевозор треба да си ја заврши работата сосема ок, но секако ќе треба да почекаме да видиме каква цена ќе има другиот модел.

За да го имате задоволството да имате компјутер кој е за нијанса поголем од Play Station 4, а е можеби и 2-3 пати помоќен, ќе треба да платите околу 1500 долари. Ако се земе во предвид целиот инженерски стил на конфиуграцијата можеби и тие 1500 долари не се толку страшни.

Извори: Techreport, Cnet, Techpowerup

Претходна статијаБеспилотни трансфер возила ставени на тест во Лондон
Следна статијаS8-ката на Samsung го поседува најдобриот екран досега направен