lenovo-yoga-book (3) copy

Lenovo штотуку го претстави веројатно најинтересниот уред на IFA во Берлин – Yoga Book е мал лаптоп, но без нормална тастатура, туку само со виртуелни копчиња, како и простор за цртање во долниот дел.

Ве збуни малце воведот? Долниот дел е големо парче стакло, на кое кога ќе треба да пишувате се појавува стандардна QWERTY тастатура, но кога правите други работи, како на пример го користите Wacom дигиталното пенкалце, нема воопшто ништо. Вака, лаптопот може да се користи како тетратка и се што ќе запишете на него ќе остане запишано на мониторот или пак како дигитален Wacom таблет за цртање за уметниците.

lenovo-yoga-book (2) copy

Уште подобро, на тој дел можете да ставите и хартија, дури и повеќе листови и сето она што ќе го запишете на хартијата ќе се појави на дисплејот. Сето ова е благодарение на 2.048 нивоа на притисок кои ги препознава пенкалцето и е особено примамливо за учениците и студентите, кои со овој лаптоп ќе можат секоја лекција што ќе ја запишат во тефтерот, да ја имаад достапна и во дигитална форма.

lenovo-yoga-book (4) copy

Yoga Book инаку може да се испорача со Android 6.0 и Windows 10 верзии, кои ќе чинат 499, односно 549 долари. Перформансите треба да бидат респектабилни, но не очекувајте којзнае колкава брзина од овој лаптоп – процесорот е Intel Atom x5-Z8550 со четири јадра помогнат од 4 GB рам и 64 GB простор, како и батерија од 8.500 mAh, која поддржува до 15 часа работа (13 за Windows верзијата) со едно полнење.

lenovo-yoga-book (5) copy

Дисплејот пак има големина од 10,1 инчи и резолуција од 1920х1200 пиксели, што е респектабилно со оглед на големината, а во задниот дел е вградена и камера со 8 мегапиксели, додека во предниот со 2 мегапиксели.

lenovo-yoga-book (1) copy

Предност на Yoga Book е и тоа што е исклучително тенок и реално може да се користи како таблет со свртување на дисплејот за 360 степени. Можноста да се црта на него е секако бонус, а виртуелната тастатура, иако сигурно нема да биде прецизна како стандардна тастатура е подобро решение од виртуелна тастатура на самиот дисплеј.

lenovo-yoga-book (6) copy

Дали сите овие функционалности и можности ќе му помогнат на овој хибрид на Lenovo да успее на пазарот тешко е да се предвиди, но секако дека треба да сме среќни за сите иновации кои ни ги донесуваат производителите.

Извор: Engadget, ARS Technica, Lenovo

Претходна статијаJabra Elite Sport се прескапи Bluetooth слушалки, кои можат да ви го мерат пулсот
Следна статијаОнлајн платформи за учење – краток преглед