lenovo-z51-100587257-large

Кинескиот производител денес е еден од најголемите производители на лаптопи во светот и е присутен во сите класи, од најевтините до најскапите. Новите три модели на Lenovo ги зафаќаат и двете категории, со најниска цена од 250 долари за моделот IdeaPad 100.

Изработен целосно од пластика, со дизајн кој нема да сврти многу глави, но солидни спецификации, кои вклучуваат Intel Atom Baytrail-М N3540 процесор и можност за максимум 8 GB рам меморија, Lenovo IdeaPad 100 e наменет за сите оние кои го користат лаптопот пред се за сурфање на интернет и консумирање мултимедијални содржини.

Ideapad_100_14_Black-8-Outlook

Основниот модел ќе доаѓа со голем простор за складирање податоци од 500 GB, додека ќе има можност и за надградба на SSD диск од 128 GB, што е вистинска реткост во оваа класа. Ќе бидат понудени и две големини и тоа 14 – инчен и 15 – инчен модел со резолуција на екранот од 1366х768 пиксели. И двата модели ќе имаат батерија која трае 4 часа со едно полнење и ќе бидат опремени со Windows 8.1 оперативен систем, со можност за надградба на Windows 10 кога ќе биде достапен.

lenovo-ideapad-100-100587256-large

На другата страна од спектарот, Lenovo ги претстави Z41 и Z51, лаптопи кои се пред се наменети за професионалците и оние кои бараат максимум перформанси. Се работи за исти лаптопи, со алуминиумска изработка, но со големина на екранот од 14 инчи, односно 15 инчи. И двата модели ќе имаат дисплеи со Full HD резолуција од 1920х1080 пиксели и траење на батеријата со едно полнење до 4 часа.

z41_images_product_photography_z41_black_product_tour_03_high_res

Во внатрешноста ќе се вградуваат Intel чипови од најновата генерација и тоа Core i3, i5 и i7. Z51 и Z41 ќе можат да бидат опремени со максимум 16 GB рам меморија, како и со HDD, односно SSHD дискови до 1 TB капацитет. Поголемиот модел ќе биде опремен и со специјална предна RealSense камера, која ќе овозможи интеракција со лаптопот со мафтање на рацете од далеку. Цените на Z41 и Z51 изнесуваат 499 долари, односно 599 долари за основните модели.

z41_images_product_photography_z41_white_hero_04_high_res

Извор: Windows Central, PC World

Претходна статијаЗошто тетоважите траат цел живот?
Следна статијаApple развива нова тастатура со копчиња со повеќе нивоа на притисок