Заоблените телевизори беа во мода до пред неколку години, но таа технологија сега е присутна само кај компјутерските монитори. Причината за тоа е секако што на таков телевизор само гледачот во центарот би ја гледал перфектната слика. Но, што ако има таблет/лаптоп, односно „2 во 1” уред со заоблен дисплеј и заоблена база?

Intel веќе има поднесено патент за ваков производ, кој би имал неколку корисни функционалности. На пример, заоблената база ќе овозможи многу поудобно сместување на таблет/лаптопот во скут, нешто што претставува проблем кај другите хибридни „2 во 1” модели, а воедно ќе ги држи рацете поприродно на тастатурата дури и кога тој е поставен на рамна површина, како на пример на маса. Всушност, многу ергономски тастатури се токму така изведени.

Благодарение на заоблениот дисплеј пак ваквиот таблет/лаптоп би му овозможил на гледачот „опкружувачко” искуство, иако не сум сигурен дека тоа може да се постигне со толку мал дисплеј, освен ако корисникот не го држи многу близу до очите кога го користи само како таблет. Од друга страна, ваков таблет/лаптоп секако не би бил корисен ако гледате некое видео заедно со пријателите, освен ако навистина не се притиснете еден до друг.

Овој патент секако не значи дека наскоро ќе видиме ваков модел на пазарот, а особено не од Intel. Ова е веројатно осигурување на Intel дека ќе може да наплати доколку некој производител на хардвер некогаш се одлучи да направи ваков производ.

Извор: The Next Web, The Leaker, USPTO

Претходна статијаuBeam претстави безжично полнење кое работи на далечина
Следна статијаПротечени фотографии ја покажуваат целосната убавина на LG G6