Годинава бевме сведоци на големо покачување на бројот на јадрата во процесорите наменети за компјутерите, што беше иницирано од AMD и нивните нови Ryzen чипови, кои не само што се рамо до рамо во поглед на перформансите со оние на Intel, туку се и поевтини кога ќе се споредат со еквивалентните модели на конкурентот.

Одговорот на Intel беше нова серија на процесори од Core i9 серијата, која според компанијата треба да понуди неспоредливо најдобри перформанси.

Сепак, AMD веднаш одговори со Threadripper, процесорите од високата класа на Ryzen, па сега нас ни останува да видиме кој е напред? Според перформансите на хартија, кои морам да напоменам може и да не значат ништо, процесорот на AMD има мала предност.

Имено, Intel Core i9-7920x процесорот има 12 јадра кои работат на фреквенција од 2,9 GHz, што е прилично ниско за процесор од 2017 година, а особено ако се спореди со AMD Threadripper кој има 12 јадра кои работат на фреквенција од 3,5 GHz, што е значителна разлика кога ќе се помножи со 12 јадра.

Сепак, тука не е вклучена “Boost” фреквенцијата, која може да биде достапна на пократки интервали и каде Intel обично имаат предност. Засега Intel не даде информација за “Boost” фреквенцијата на својот процесор, но според тоа колку другите чипови од “X” серијата имаат “Boost”, може да се очекува работна фреквенција од околу 4 GHz, која е иста како на AMD Ryzen.

Како и да е, за подолго користење на процесорот во “Boost” фреквенција ќе ви треба многу добро ладење на процесорот, па затоа, во стандардната конфигурација, предноста засега е за AMD, односно се додека не ги видиме првите бенчмаркови.

Јас само би додал на ова дека ваквата конкуренција е многу здрава – до лани процесорите за компјутерите стагнираа во развојот.

Извор: TechRadar, PCWorld, SlashGear

Претходна статијаИнтервју со Иван Станковиќ кој на Weekend Media Festival ќе ни открие што сакаат жените
Следна статијаПротекоа првите „рендери“ од Galaxy Note 8, дизајнот е сличен на S8-ките