Intel го лансира досега најмалиот свој компјутер, кој може да се користи во цела плејада на уреди, особено бидејќи е исклучително мал, со големина на една кредитна картичка. Но, нека не ве залажува тоа – тој доаѓа и во супер моќни верзии со Core i5 процесор.

Intel Compute Card ќе биде пред се наменет за оние кои сакаат исклучително преносно десктоп решение, но и за производителите на компјутери, кои на овој начин ќе можат да направат едноставни машини, односно да го вградат во се во едно компјутер и сл. Всушност, Intel го замислува овој мини компјутер како начин за полесно правење на паметни уреди за домот, како на пример паметни фрижидери и нивна лесна надградба во иднина.

Засега Intel Compute Card е достапна во четири верзии, со Celeron N3540 и N4200 процесори, Core m3-7y30 и Core i5-7Y57. Сите модели ќе бидат опремени со солидни 4 GB рам меморија, додека послабите два ќе имаат 64 GB простор, а помоќните ќе имаат 128 GB простор. Мини компјутерот има и вграден Wi-Fi чип за лесно поврзување на интернет мрежата и Bluetooth 4.2 поврзување за екстерни уреди (како на пример маус и тастатура), но на самиот компјутер нема USB излези, бидејќи и нема место за нив.

Затоа, Intel, заедно со производителите Lenovo, HP и Dell, Ќе понудат куќишта за компјутерот кои ќе имаат дополнителни приклучоци и кои од Intel Compute Card ќе направат своевидна преносна десктоп машина.

Извор: Engadget, TechCrunch, The Verge

Претходна статијаЕнди Рубин го претстави неговиот Android смартфон со екран без рамка и модуларни додатоци
Следна статијаAsus ZenBook Flip UX370 е најтенкиот „2 во 1“ лаптоп досега