За многумина македонски купувачи на лаптопи, Chome OS оперативниот систем на Google не е воопшто ниту опција, но на западните пазари, а особено во САД, овој оперативен систем има се поголем успех. Голем дел од заслугата за ова ја носи Pixel серијата на лаптопи и таблети на Google, која сега е збогатена со нов Pixelbook лаптоп/таблет.

Pixelbook е лаптоп со премиум карактеристики, кој има 12,3 инчен дисплеј со 3:2 сооднос, моќен Core i5 процесор од седмата генерација со 8 GB рам и 128 GB простор уште во основниот модел (ќе беше добро да беа 256 GB, но целта на Chrome OS е датотеките да се зачувуваат онлајн на клауд).

Лаптопот е опремен со две USB Type-C порти, кои можат да се користат за полнење како и поврзување на надворешни додатоци и нормално може да се користи како таблет со свртување на дисплејот врз тастатурата како Yoga лаптоп/таблетите на Lenovo. Pixelbook е нормално опремен и со Google Assistna, а на Chome OS сега ќе може да се користат и Android апликации, што дефинитивно го прави поблизок до пошироката публика.

Како и скоро сите Windows 10 лаптопи од поновата генерација во оваа класа и Pixelbook има дисплеј со допир, како и поддршка за дигитално пенкалце, кое чини 99 долари, што и не е малку кога ќе се додаде на почетната цена од 999 долари. Како и да е, за тие пари дефинитивно се добива одлично изработен лаптоп, со дизајн сличен на Pixel смартфоните, кој заедно со подобрениот Chrome OS, би можел да биде одлично решение за оние кои не се зависни од старите Windows програми.

Извор: The Verge, TechRadar, Engadget

Претходна статијаPorsche Mission E се појави во јавноста
Следна статијаПатент за Apple Watch покажува како тој може да се користи за мерење на крвен притисок