Сигурно сте слушнале до сега за Corsair, иако се познати по нивното производство на куќишта, вентилатори, водено ладење и периферија, неодамна го претставија компјутерот Corsair One.

Corsair One е компјутер со доста мали димензии кој може да се најде во сечиј дом и да не зафаќа премногу простор. Естетски доста привлечно со модерен дизјан кој не прави компромис поради големината врз перформансите.

Најосновната конфигурација е составена од Intel Core i7 – 7700 и Nvidia GTX 1070, 240 Gb SSD со 1 Tb HDD кои се повеќе од доволно за поголемиот дел од корисниците. Основната конфиуграција ќе ве чини околу 1800 долари.

Постојат и помоќни конфигурации каде можете да изберете i7 7700k и GTX 1080 со 960 Gb SSD кои немаат никаков проблем со ладење иако се користат делови од највисоката класа.

За ладење Corsair пристапуваат на доста чуден начин кој ја намулава акустиката на целата конфигурација на минимално ниво. Процесорот како и графичката карта имаат свои 240 милиметарски водени ладилници кои се поставени од двете страни, но без вентилатори на нив. Наместо вентилатори на радиаторите имаат поставено еден 140 милиметарски вентилатор на горниот дел од куќиштето кој вовлекува чист воздух преку страните за да ги лади радиаторите, а со тоа и ги одржува на ниска температура деловите, кој исто така ја прави доста тивка целата конфиуграција.

На кратко кажано Corsair со One успеваат да го искоритат целиот простор доста ефикасно што ја прави оваа конфигурација можеби и една од најдобрите опции за компакнта, естетски задоволителна опција за секој модерен ентузијаст.

Извори: arstechnicapcgamertechradar

Претходна статијаКои се разликите меѓу Galaxy S8 и Galaxy S7 и дали вреди да надградите?
Следна статијаНовиот Самсунг “Gear 360” Воведува Вистинско 4K Видео и Снимање на Содржината во 360°