Познато е дека постојат компјутери од различни големини за различни примени. Луѓето кои работат и патуваат обично купуваат лаптопи. Оние кои сакаат да ги играат најновите видео игри купуваат персонални компјутери со огромни системи за ладење за нивните четиријадрени процесори. Но постои една интересна демографија на компјутерџии кои имаат потреба од мали персонални компјутери како што е Brix Pro од Gigabyte. Ова мало компјутерче има подобри перформанси од сите персонални компјутери кои се појавиле на пазарот изминатата деценија.

Интересно е тоа што со навистина минијатурни делови, овој компјутер успешно извршува работа од 3.2 гигахерци при нормална работа. А кога се зема предвид фактот дека се состои од четири јадра кои при извршување напредни операции креваат до 3.9 гигахерци, јасно е дека се работи за неверојатна машина.

Brix Pro исто така ја содржи најновата Intel графичка карта, која иако не е предвидена за најновите видео игри, истите ги поддржува со солидни резултати. Тоа значи дека овој компјутер е совршен за користење на софтвер кој троши многу ресурси, но не бара напредна графичка карта. Важно е и тоа дека поддржува до 16 гигабајти RAM меморија, со што станува очигледно зошто професионалци би дале преку 1.000 долари за него.

Вредноста на Brix се гледа во тоа колку наликува на лаптоп, без фаталните маани на истиот. Лаптопите се по дефиниција ослабени верзии на нивните соодветни персонални компјутери. Brix не е разводнета верзија, туку е навистина моќно кукиште кое го збира во вашиот џеб. Тоа ја оправдува цената. Се претпоставува дека Brix не би го купиле чисто од мерак, сепак се работи за машина за професионалци. Но, ако често се наоѓате во ситуација да ви е потребен вашиот моќен персонален компјутер во вашата канцеларија, но и дома, Brix е совршено решение.

Може да се купи за шестотини и педесет долари, „гол“, или за илјада и двесте долари со графичка карта, RAM меморија, огромен хард диск и останатите периферни делови. Кога веќе зборуваме за периферни делови, важно е да се напомене дека Brix има дури четири USB 3.0 порти, што е двојно повеќе од модерен бизнис лаптоп. Со Brix Pro можете да користите четири посебни екстерни дискови со огромна USB 3.0 брзина или просто да врзете осум рачки за играње и со група пријатели да играте легендарна партија тетрис на големо платно.  Вашето ново џебно пријателче е подготвено да ви овозможи се’.

Gigabyte Brix Pro каратеристики

Оперативен системWindows 8.1 x64
Процесор3.2 GHz Core i7-4770R (Turbo Boost до 3.9GHz)
8GB 1600MHz DDR3 (поддржува до 16GB)
ГрафикаIntel Iris Pro 5200
Простор за складирање256GB Intel 525 series mSATA SSD
Мрежа433Mbps 802.11ac Wi-Fi, Bluetooth 4.0, Gigabit Ethernet
Порти4x USB 3.0, 1x mini DisplayPort 1.2, 1x HDMI 1.4a, DisplayPort, audio
Димензии114.3 x 111.8 x 61.0 mm

[related_posts_by_tax title=”Можеби ќе ви се допаднат и следните статии”]

Претходна статијаBatteryBox преносен полнач кој овозможува вашиот лаптоп да работи до 12 часа после 5 години користење
Следна статијаLinkBubble, за полесно сурфање на Android