Republic of Gamers серијата на десктоп и лаптоп гејмерски машини на Asus е позната по своите високи перформанси. Таков е и случајот со нивниот нов ROG Strix GD30 кој има дизајн како на „Стормтрупер“ војниците од Star Wars, нешто што е често случај кај гејмерските машини, но и исклучително моќни перформанси.

Како и секој гејмерски десктоп компјутер и ROG Strix GD30 ќе биде достапен со мноштво различни комбинации на внатрешни делови. На пример, достапни ќе бидат Core i5-7400 и Core i7-7700 процесори од најновата Kaby lake генерација на Intel, Nvidia GTX 1050, 1060, 1070 и 1080 графички картички, до 32 GB DDR4 рам меморија, максимум 3 TB хард диск или 512 GB SSD од SATA 3, M.2 и SATA 3 M.2 SSD дискови, мноштво на порти за приклучување на надворешни уреди, како на пример и USB 3.1 Type-A и Type-C приклучоци, 7.1 аудио за сараунд гејмерско доживување итн.

Настрана од перформансите, корисниците ќе можат да си направат и свој дизајн на куќиштето, благодарение на тоа што предните панели можат да се извадат и да се наредат во друг редослед, а матичната може да свети во 8 милиони различни комбинации на бои. Отстрана пак компјутерите имаат вградено веќе неизбежно стакло, кое треба да ги покаже внатрешните компоненти, но во него има мрежа од метал која треба да ги намали електромагнетните зрачења, кои би можеле да им пречат на внатрешните компоненти. Компјутерот доаѓа со вградено воздушно ладење, но има доволно простор во куќиштето за оние кои сакаат водено ладење.

Цената на Asus ROG Strix GD30 засега не е позната, но очекувано е да има големи разлики зависно од тоа која конфигурација ќе се избере.

Извор: Digital Trends, Guru3D

Претходна статијаЕлон Маск објави нови детали за Tesla Model 3
Следна статијаЧекор понатаму во персонализирањето на вашиот Android уред