Многу професионални корисници на macOS веќе неколку години бараат надградба на Mac Pro, десктоп компјутерот кој и кога излезе не беше најмоќен таков на пазарот, а во моментов не може да се носи ниту со пет до шест пати поевтини Windows десктоп машини. Но, има причина зошто Apple не го надградува Mac Pro со нови компоненти, а тоа е дека спремаат целосно нов модел.

Потврдата за ова стигна од Фил Шилер од Apple, кој најави дека тие работат на Mac Pro компјутер и професионален дисплеј за потребите на професионалците. Крег Федериги пак, исто така од Apple, призна дека со Mac Pro производителот сам се ставил во ќош и затоа новиот Mac Pro ќе биде целосно реобмислен.

Бидејќи веќе подолго време го пратам развојот, или недостатокот на развој кај Mac Pro, тоа „реобмислен“ сигурно значи дека овој модел повторно ќе биде лесен за надградување. Порано, Mac Pro компјутерите беа големи куќишта кои корисниците можеа да ги надградуваат (исто како што можат и Windows корисниците), но актуелниот Mac Pro модел не може да се надгради, односно останува на процесорот и графиката кои беа претставени пред 5 години – Intel Xeon процесор со шест или осум јадра и AMD FirePro D500s или D700s графика (2.999 и 3.999 долари).

Како што може да се забележи, цената е пониска од претходно, но и натаму недоволно за конкурентност на Windows машините. Дефинитивно, веќе е време за нов модел, иако тој веројатно нема да биде претставен наскоро.

Извор: The Verge, Mac Rumors, Tech Crunch

Претходна статијаКаде ќе ве одведе новата ракета на Facebook?
Следна статијаNokia 9 ќе биде претставен на крајот од годинава, ќе има супер моќни спецификации